| За нас |
|
|
|
| Напишано од Administrator |
![]() „Gladijatori“ е компанија со долгогодишен деловен успех во Битола и Скопје како и во Р. Бугарија. Лидер во Македонија во снабдувањето со првокласни производи за спортисти и луѓе кои живеат здраво. Оваа веб страна Bodybuilding.com.mk е изработена во соработка со најпопуларната светска веб страна за фитнес и бодибилдинг Bodybuilding.com од САД како и со производителите на најдобриот протеин во светот Optimum Nutrition од САД. Идејата за ваква интернет страна дојде како неопходност за солидно промовирање на фитнес и бодибилдинг во Македонија затоа што недостатокот на знаење за исхрана, тренинг и суплементи од страна на повеќето домашни професионалци и аматери како и недостатокот на македонски печатени и електронски медиуми почна негативно да влијае на промоцијата на овај спорт и се поврзано со него. Сега за првпат во историјата на овај спорт во оваа држава посетителите ќе имаат ексклузивна можност да ги дознаат најновите информации од прва рака од професионалците на Bodybuilding.com и Optimum Nutrition. Во голем дел ќе се зборува за Македонија и овај спорт тука, а оваа страна ќе послужи како средство за комуницирање преку форумот и преку најнови информации за домашните натпреварувања. Доколку имате било какви коментари, пофалби и критики слободно пишете и се ќе биде земено во предвид. Искрен поздрав, Кирил Папаз Оваа е-пошта е заштитена од spambots, треба да вклучите JavaScript за да ја видите 02/60-90-440, 078/208-012 Gladijatori: ул. Ѓуро Ѓаковиќ бр. 18 лок. 4 (кај Грчка Амбасада), Скопје |



