|
Напишано од Administrator
|
|
Вторник, 27 Септември 2011 18:07 |
Што се омега - 3 масни киселини?
Омега - 3 се всушност киселини, од кои нашето тело има голема потреба за ефикасно да би функционирало. Постојат три видови на омега 3 масните киселини, а тоа се:
- DHA (докосаксаенска киселина)
- EPA (еикосапентаенска киселина)
- ALA (алфа-линоленска киселина)
Истражувањата покажале дека најголемата концентрација на масните киселини DHA и EPA можат да се пронајдат во рибите кои живеат во ладните води, односно во рибите како што се: лосос, скуша и туната.
ALA масната киселиа се проанаoѓа во некои од костенливите овошја и во одредени растителни масла. Важно за споменување е и тоа дека телото ја претвора ALA киселината во DHA и EPA киселина.
Одлични за телото и духот.
Во текот на последните десетина години, неколку студии покажале дека омега - 3 масните киселини значително го подобруваат здравјето на срцето и го намалуваат ризикот од срцеви компликации. Исто така, истражувањата покажале дека мажите со најнизок степен на омега - 3 во крвта имаат 81% повеќе веројатност дека ќе доживеат ненадејно престанување на работа на срцето (инфаркт), од оние мажи кои имаат високо ниво на омега-3 во крвта.
Омега -3 помагаат и во работата на нашето срце, така што:
- Го намалуваат нивото на триглицериди.
- Го намалуваат нивото на високиот крвен притисок
- Го намалуваат ризикот од инфаркт.
Омега - 3 киселините се корисни и во остатокот на телото. На пример, тие можат да помогнат при некои воспални, како што се артритис или болки при менстроалниот циклус, а корисни се и кај личностите кои боледуваат од остеопороза.
Омега - 3 киселините имаат корисен ефект и на менталното здравје. Истражувањата покажале дека депресијата била почеста кај личностите, кои консумирале мала количина или воопшто не консумирале омега - 3 масти. Денес многу експерти користат програми кои вклучуваат омега - 3 масти со цел да се подобри менталното здравје кај пациентите.
Личностите кои страдаат од анорексија имаат исклучително мало ниво на масни киселини во својата исхрана.
Како "вишокот маснотии" значи губење на тежината?
Омега - 3 киселините, не само што се добри за нашето општо здравје, туку можат да го подобрат и резултатот на диетата и вежбите за слабеење. Студиите покажале дека луѓето кои се обидувале да ослабат со помош на вежби и диети, подобро го контролираат шеќерот и холестеролот, ако омега - 3 масните киселини се дел од нивната исхрана.
Колку омега - 3 треба да имаме во исхраната?
Експертите препорачуваат секој ден да внесуваме минумално 500 мг. омега - 3 масти. Најдобар начин е рибите, особено "масните", да бидат дел од нашата исхрана.
|
|
Напишано од Administrator
|
|
Понеделник, 12 Септември 2011 18:04 |
|
Јаболковиот оцет е извонреден природен лек за многу заболувања. Научниците му препишуваат чудотворна моќ и сметаат дека треба да е дел од секојдневната исхрана.
Утврдена е оптималната доза на јаболков оцет која треба да се зема во текот на денот. Тоа е раствор од 2 лажици јаболков оцет во млака, претходно превриена вода, со додавање на две лажички мед.
Овој еликсир помага при заболувања на грлото, при нередовна столица, слаба циркулација и размена на материи во организмот. Се препорачува и при заболувања на срцето и крвните садови и при болести на бубрезите.
Докажано е дека јаболковиот оцет го намалува крвниот притисок и е одличен за зачувување на витката линија.
Според некои извори, јаболковиот оцет се покажал ефикасен и во зголемување на плодноста, како кај луѓето, така и кај животните.
Ефикасен е и при ноќно мочање кај децата.
Против јадеж на кожата се препорачува надворешна примена на разблажен оцет, а триењето и масирањето со овој раствор извонредно им делува и на сосема здравите лица. Освен чувството на свежина кое долго трае, ваквите „кисели купки“ и даваат на кожата мекост, влажност и здрав изглед.
Облозите од јаболковиот оцет се користат и при проширени вени. Тие, во комбинација со здравата исхрана и детоксикацијата на организмот, даваат одлични резултати.
На ист начин, јаболковиот оцет ги олеснува и некои ревматски заболувања и го отстранува чувството на постојан замор, на кој се жалат сè поголем број на луѓе.
Со јаболков оцет се испира грлото при првите знаци на настинка. Се препорачува да се носи јаболков оцет кога се оди на пат (особено во лето) за да се спречат непријатностите во варењето на храната, кои често се јавуваат како последица на промената на водата и храната.
Во исхраната на спортистите, но и на интелектуалците, јаболковиот оцет и неговата комбинација со медот, би требало да завземат важно место. Овој оцет е богат со калиум, а тој влијае на работата на мускулите и нервите и учестува во биохемиските процеси на клетките.
Ако со својот лекар сте ги исклучиле другите причини, а чувствувате слабост, поспаност, грчеви и болки во мускулите, веројатно само ви недостасува калиум.
Рецепт за слабеење:
3 пати на ден по една лажичка оцет да се раствори во една чаша вода а добро е и да се додаде 1 лажица мед. Овој рецепт е добар за се горенаведено, освен за дијареа кога не се додава мед. Инаку јаболковиот оцет се користи и надворешно за лекување на проширени вени, воспаленија на зглобови и реума. |
|
|
Напишано од Administrator
|
|
Сабота, 13 Август 2011 15:58 |
|
Сакате да станете поголем и посилен. Секој ден ги чистите порциите и дигате тешко во вашата вежбална. Па можеби треба малку да се повлечите. Точно. Премногу време во вежбалната значи премногу согорени калории, што е контапродуктивно на вашите цели. Ограничете го тренингот на 3-4 пати неделно и секој пат не подолго од 60 минути, фокусирајќи се на главни мускулни групи наместо на изолирани вежби.
Сега за планот на оброците. Поделете ги вашите три оброци дневно на 5-6 оброци за најдобро да го подготвите метаболизмот за раст на телото. Пијте многу вода за да останете хидрирани и додадете CREATIN после-тренинг. Тоа ќе ви помогне мускулите да бидат полни и да ви помогне со опоравување додека ќе градите сила и кондиција. Да додадете голема количина калории од квалитетни протеини и хидрати измешајте шејк со гејнер формула како SERIOUS MASS. Овој гејнер има се што ви треба за да имате добивка во вежбалната. Потоа, околу еден час пред спиење земете една доза ON - ZMA - единствениот патентирана мешавина поткрепена со научно истражување. Како додаток за поткрепа на вашата цел за големина и сила, ZMA ќе ви помогне и за помирен сон.
Распоред на храна и додатоци:
Појадок: Цел оброк од храна
Средина на утро: ON Serious Mass
Ручек: Цел оброк од храна
Пред-тренинг: ON Serious Mass
После-тренинг: ON Creatine Powder
Вечера: Цел оброк од храна
Пред спиење: ON ZMA |
|
Напишано од Administrator
|
|
Среда, 22 Декември 2010 16:10 |
|
Една од најдоследните здравствени препораки во денешно време се однесува на зголеменото внесување омега 3-масни киселини како што се алфа-линоленската киселина (АЛА), еикозапентаеоичните киселини (ЕПА) и докосахексаеноичните (ДХА). Причината за тоа лежи во докажаното благотворно дејство на омега 3-масните киселини во превенција од појавата и спречувањето на прогресијата на разни болести како што се аритритис, некои облици на карцином, кардиоваскуларни болести, депресија. Овие масни киселини имаат клучна улога во растот и развојот на мозокот и за невролошкиот систем.
ПОСЛЕДИЦИ ОД НЕДОСТИГ- Од сите органи во човековото тело мозокот содржи најмногу масти. Речиси две третини од мозокот го сочинуваат масти, односно масни киселини. Клучни масни киселини за раст и развој на мозокот се арахидонската киселина (АА) и особено ДХА. Последната е доминатна во градивната структура на мозокот и на мрежницата на окото. Освен што има важна улога во градбата на синаптичките комуникациски центри во мозокот, ДХА го зголемува нивото и на два важни невротрансмитера, серотинин, заслужен за доброто расположение, и ацетилхолин, важен за процесот за помнење. Повеќето студии ја истакнуваат важноста на ДХА за развојот на мозокот на фетусот и на новороденчето, но се истакнува и позитивната врска меѓу доволното внесување на есенцијални масни киселини,, ДХА и менталниот развој и подобрувањето на способноста за учење на децата во предсколшка возраст. Со оглед дека дефицитот на есенцијалните масни киселини и на ДХА се поврзуваат со некои нарушшувања, како што се нарушување на вниманието, хиперактивно нарушување, дислексија и диспраксија, се смета дека доволното внесување на тие нутриенти го намалува ризикот од овие нарушувања. Освен тоа, дефицитот на ДХА може да има за последица послаба острина на видот, што е разбирливо кога ќе се земе предвид дека оваа омега 3-масна киселина е неопходна за оптимално функционирање на созревањето на мрежницата на окото на видниот кортекс. Доволното внесување ДХА има важна улога во процесот на учење и помнење во текот на целиот животен век, но тоа особено добива на важноство текот на школувањето кога детето се среќава со мноштво нови информациии кои треба да ги усвои. Земајќи ги предвид научните студии кои утврдиле дека децата од предшколска возраст кои внесуваат доволно омега 3-масни киселини , особено ДХА, постигнуваат подобри академски резултати во споредба со оние чие внесување не е доволно, така што станува јасно колку е важно на организмот да му се обезбедаат овие масни киселини.
КЛУЧ ЗА ЗДРАВА БРЕМЕНОСТ-Логиката налага дека и соодветнот внесување ДХА е клучен за здраво одвивање на бременоста. Во истражувањата се покажало дека структурата на мозокот на фетусот зависи од мајчината исхрана во текот на бременоста, што значи дека соодветното внесување на омега 3-масните киселни е од клучна важност не само на идната мајка туку и за менталниот развој на детето. Во прилог на тоа говори и студија објавена во списанието EPIDEMIOLOGY во која научниците спроведувале истражување во кое сакале да ја откријат врската меѓу мајчиното внесување на риба во текот на бременоста и комуникациските вештини кај 7.421 дете родени во Британија меѓу 1991 и 1992 година. Резултатите покажале дека внесувањето риба кај мајките во текот на бременоста и кај детето постнатално може да се поврзи со подобри резултати во развојот на детето. Исто така, друго истражување покажало дека децата чии мајки внесувале доволни количества есенцијални масни киселини и ДХА покажуваат подобри ментални и психомоторни способности и координацијата на очите и на рацете на возраст од 4 години е подобра во споредба со мајките чие внесубање не било доволно. Омега 3-масните кисилени имаат позитивно дејство и врз самата бременост. Познато е дека жените со ниско количество на овие масни киселини имаат ризик за предвремено пораѓање. Дополнително, научните студии покажале дека омега 3-масните киселини го намалуваат ризикот од прееклампсија, опасни компликации во бременоста и постпородилна депресија. И доилките треба да внимаваат на соодветното внесување омега 3-масни киселини бидејќи мајчиното млеко содржи ДХА, а утврдена е директна врска меѓу ДХА во мајчинотомлеко и невролошкиот развој на доенчето. Јасно е дека нутривниот квалитет на мајчиното млеко, а последично и соржината на ДХА зависи од нутривниот статус на доилката. Здавствените организации оформиле препораки според кои трудниците и доилките би требало да внесуваат минимално 2,6 омега 3-масни киселини и од 100 до 300мг. ДХА дневно за да ги задоволат потребите на фетусот, односно доенчето.
ено добива на важноство текот на школувањето кога детето се среќава со мноштво нови информациии кои треба да ги усвои. Земајќи ги предвид научните студии кои утврдиле дека децата од предшколска возраст кои внесуваат доволно омега 3-масни киселини , особено ДХА, постигнуваат подобри академски резултати во споредба со оние чие внесување не е доволно, така што станува јасно колку е важно на организмот да му се обезбедаат овие масни киселини.
ШТИТАТ ОД СТАРЕЕЊЕ НА МОЗОКОТ –Во списанието NEUROLOGY во 2004 година објавена е студија која укажува на важната улога на омега 3-масните киселини во одржувањето на соодветна гункција на мозокот кај возрасната популација. Во студијата учествувале 1.613 лица на возраст од 45 и 70 години. Прехрамбените навики на испитаниците биле анализирани по пат на прашалници кои тие сами ги пополнувале, а пет години биле следени нивните когнитивни способности –оимнење, психомоторика, когнитивна флексибилност и вкупната когнитивна функција. Одкако биле земени предвид ризик-факторите, како што се возраста, едукацијата, пушењето, конзумирањето алкохол и внесувањето калории, резултатите покажале дека кај возрасната популација внесувањето омега 3-масни киселини придонесува за подобрување на когнитивните функции. Со стареењето се намалува концентрацијата на есенцијалните масни киселини во ткивото, како и способноста на конверзија на АЛА и ДХА. Бидејќи многуте студии покажуваат дека зголеменото ниво на ДХА во мозокот ги намалуваат губитокот на когнитивните способности поврзани со стареењето и ризикот од Алцхајмеровата болест, може да се заклучи дека оптималното внесубање омега 3-масните киселини е нужно за зачувување на когнитивните функции и на способноста за помнење и дека може да ја одложи појавата на невродегенеративни болести.
ЗАТОА БЕЗ ОГЛЕД НА СВОЈАТА ВОЗРАСТ ОБЕЗБЕДЕТЕ МУ НА ВАШИОТ ОРГАНИЗАМ ДОВОЛНО ОМЕГА 3-МАСНИ КИСЕЛИНИ. http://www.gladijatori.com/%_a194.html |
|