КАЗЕИН-бавен протеин PDF Печати Е-пошта
(0 Votes)
Напишано од Administrator   
Сабота, 18 Декември 2010 11:01
Понекогаш побавното е подобро особено кога станува збор за резултатот на примање на даден протеин. Додека брзото примање на протеините е пожелно веднаш после вежбањето, забавеното примање е покприсно во текот на остатокот од денот.

 

Казеинот е рН чуствителен и се претвора во гел во киселата средина на стомакот. Како резултат на тоа е потребно подолго време за да се раздели казеиновиот протеин до составните аминокиселини отколку протеинот од сурутка и другите протеини.

 

Казеинот е најзастапениот протеин во млекото. Се смета за високо квалитетен протеин заради тоа што лесно се впива и не снабдува со доволни количини на аминокиселини, кои не можат да се синтетизират од телото.

 


Друга придобивка е зголемената засиленост (чуство на исполнетост или задоволство ). Казеинот врши мал притисок врз стомачните ѕидови со што се сигнализира на мозокот да се престане со јадење затоа што стомакот е полн. Казеинот најбавно се вари и абсорбира од сите други протеини. Ова помага да се создаде ефект на "временско ослободување" со што се обезбедува стабилен проток на аминокиселини во вашите мускули во текот на подолг временски период. Нето резултатот е значително зголемена анти-катаболна средина кеја е многу попријатна за растење и опоравување на мускулите.

 

Бодибилдерите и спортистите кои сакат да ја зголемат чистата мускулна маса, да го спречат распадот на мускулите и да го намалат времето на опоравување, како и индивидуите кои се заинтересирани за подобрување на квалитетот на нивното спиење можат да имат голема корист од казеинот.

 

ИСТРАЖУВАНЕ НА КАЗЕИНОТ

Веројатно најинтересно истражуване за казеинот кое доаѓа од научните здруженија е испитувањето на Боири кое покажува дека казеинот ја зголемува синтезата на протеинот за околу 31% ( во споредба со 68% од сурутката)... но и дека го намалува протеинското разгранување во целото тело ( катаболизам ) за 34%.

Што е најважно, истражувачите открија дека казеинот допринесува за позитивна азотна рамнотежа во просек на 7 часа после внесување на храната.

Истражувањето на Биори поттикнало и други истражувања во однос на казеинот. Едно од нив се задржува на ефектот кој би можел да го има казеинот врз составот на телото кога се користи како дел од 12 неделната тренинг програма. Учесниците биле поделени во две групи, а секој од испитаниците оддржувал избалансирана диета вклучувајки 75 грама протеин на ден. Разликата била во изворите на користените протеини: првата група користела пијалаци засновани на сурутка за да дојдат до својата дневна потреба од протеин, втората група користела изолирани млечни протеини (80% казеин, 20% сурутка). На крајот од истражувањата, групат асо млечните протеини загуби повеќе масти ( 7 kg  наспроти 4.2 kg) ја зголеми чистата мусулна маса ( 4.10 kg  наспроти 2 kg ) и се стекнаа со повеќе сила на горниот и долниот дел од телото отколку групата со сурутка.http://www.gladijatori.com/%_a3.html