| Јаболков оцет против многу заболувања |
|
|
|
| Напишано од Administrator | |||
| Понеделник, 12 Септември 2011 18:04 | |||
|
Утврдена е оптималната доза на јаболков оцет која треба да се зема во текот на денот. Тоа е раствор од 2 лажици јаболков оцет во млака, претходно превриена вода, со додавање на две лажички мед. Овој еликсир помага при заболувања на грлото, при нередовна столица, слаба циркулација и размена на материи во организмот. Се препорачува и при заболувања на срцето и крвните садови и при болести на бубрезите. Докажано е дека јаболковиот оцет го намалува крвниот притисок и е одличен за зачувување на витката линија. Според некои извори, јаболковиот оцет се покажал ефикасен и во зголемување на плодноста, како кај луѓето, така и кај животните. Ефикасен е и при ноќно мочање кај децата. Против јадеж на кожата се препорачува надворешна примена на разблажен оцет, а триењето и масирањето со овој раствор извонредно им делува и на сосема здравите лица. Освен чувството на свежина кое долго трае, ваквите „кисели купки“ и даваат на кожата мекост, влажност и здрав изглед. Облозите од јаболковиот оцет се користат и при проширени вени. Тие, во комбинација со здравата исхрана и детоксикацијата на организмот, даваат одлични резултати. На ист начин, јаболковиот оцет ги олеснува и некои ревматски заболувања и го отстранува чувството на постојан замор, на кој се жалат сè поголем број на луѓе. Со јаболков оцет се испира грлото при првите знаци на настинка. Се препорачува да се носи јаболков оцет кога се оди на пат (особено во лето) за да се спречат непријатностите во варењето на храната, кои често се јавуваат како последица на промената на водата и храната. Во исхраната на спортистите, но и на интелектуалците, јаболковиот оцет и неговата комбинација со медот, би требало да завземат важно место. Овој оцет е богат со калиум, а тој влијае на работата на мускулите и нервите и учестува во биохемиските процеси на клетките. Ако со својот лекар сте ги исклучиле другите причини, а чувствувате слабост, поспаност, грчеви и болки во мускулите, веројатно само ви недостасува калиум. Рецепт за слабеење: 3 пати на ден по една лажичка оцет да се раствори во една чаша вода а добро е и да се додаде 1 лажица мед.Овој рецепт е добар за се горенаведено, освен за дијареа кога не се додава мед. Инаку јаболковиот оцет се користи и надворешно за лекување на проширени вени, воспаленија на зглобови и реума.
|


