|
Напишано од Administrator
|
|
Вторник, 11 Јануари 2011 17:25 |
- Се меша 1 банана со 2 лажици сирење, се става на лицето и стои 20 мин. Потоа лицето се мие со млака вода.
- Една зрела банана се гмечи со вилушка толку, колку да стани како крем. Се става на лицето и на вратот ( претходно кожата темелно се чисти ). Маската стои 30 мин.и се вади со млака вода или чај од боливач.
- Се миксира бананата, се додава лажиче мед и 10 капки сок од лимон ( медот ја дезинфицира, лимонот ја обелува, а бананата ја храни кожата ). Стои 15 мин. И се мие.
- Се миксира бананата се додава едно лажиче павлака. Стои 20 мин. И се мие. http://www.gladijatori.com/%_a115.html
|
|
Напишано од Administrator
|
|
Вторник, 21 Декември 2010 10:07 |
Најочекуваниот ден се ближи и кај луѓето сè повеќе се создава еуфорија за новогодишната прослава. Секоја жена по 100 пати на ден се премислува за тоа со каква фризура и облека да блесне на дочекот.
Но, тука се појавува и уште еден проблем – фигурата. Откако студот стана секојдневие, дебелите блузи и модерните туники започнаа да ја прикриваат женската фигура и многу жени изгубија осет за натрупаните килограми.
Сега, кога Новата година е на прагот, ако имате желба и волја за слабеење најдобро е да се посветите на здравата храна и физичката активност. Но, ако сакате брзи резултати, тогаш изберете построга диета. Сепак, треба да знаете дека брзите диети не нудат долготрајно слабеење и се јавува јо-јо ефектот.
Еве две диети кои ќе ви овозможат лесно да го намалите стомачето и да се чувствувате посекси на новогодишната прослава.
ДИЕТА „2 ДЕНА – 2 КИЛОГРАМИ ПОМАЛКУ“
Ако сте од оние кои не можат да се мачат со секојдневна контрола во исхраната, еве една едноставна диета со која можете да ослабете 2 килограми за два дена.
Вашето мени за еден ден треба да содржи:
- 100 грама кревко пилешко или телешко месо;
- 4 парчиња двопек;
- 4 јаболка;
- сок од 1 лимон растворен во вода.
Распоредете ги како што сакате, но најдобро е поголемиот дел од храната да ја внесувате во првиот дел од денот. Практикувајте ја оваа диета само два дена.
ТРИДНЕВНА ДИЕТА
Во секое од следните дневни менија се вклучени околу 800 калории. Тоа е со 400 калории под минималните препорачани дневни потреби за жените. Затоа е многу важно да не ја практикувате оваа диета подолго од три дена и да ја применувате само ако сте подготвени за ваков тип на слабеење. Со оваа диета ќе изгубите 2,5-3 килограми.
Прв ден
Појадок: едно варено јајце; 1 парче интегрален леб; 250 гр. краставици и кафе без шеќер.
Ручек: салата од 1 домат, половина главица кромид, 2 пиперки, 1 варено јајце и магдонос. Зачинете ја салатата со сок од половина лимон, сол и црна пипер.
Вечера: 150гр. варено пилешко, еден домат, една краставица и едно парче двопек. Можете доматот и краставицата да ги зачините со половина лажичка маслиново масло.
Втор ден
Појадок: Две парчиња интегрален леб премачкани со тенок слој путер; два домати и една супена лажица изварка.
Ручек: 150 грама риба на скара, зачинета со сок од лимон малку сол; салата со една краставица и половина главица кромид.
Вечера: 4 печени јаболка зачинети со цимет.
Трет ден
Појадок: 300 грама овошни плодови како јагоди, капинки, боровинки, јаболка и авокадо; 250 милилитри јогурт.
Ручек: 100 грама варено пилешко со 100 грама зелка и еден домат.
Вечера: Ставете 100 грама свежи печурки со малку вода и ½ лажичка маслиново масло да се готви. Кога ќе испари водата, тргнете го тавчето од оган и додајте 30 грама варена пченка, малку кромид, 200 грама краставица, магдонос и црна пипер.
Можете да слабеете и со:
Седумдневната диета - до 7 килограми за 7 дена
Лимоновата диета
Диетата со супа од зелка - до 5 килограми за 7 дена
СОВЕТИ ЗА СЛАБЕЕЊЕ
Секоја диета бара време и енергија. Ако не можете да се придржувате кон строги диети поради кои треба да внимавате на секој залак, ви препорачуваме да ги следите следните совети за да си ја вратите убавата фигура пред Новата година.
- Пијте многу вода. Водата има многу позитивни страни, таа не содржи калории и може значително да ви го намали гладот.
- Не го прескокнувајте појадокот. Сигурно многупати сте слушнале дека појадокот е најважниот оброк во денот. Тоа е чиста вистина. Доколку го прескокнете појадокот сметајќи дека така ќе внесете помалку калории во текот на денот, ризикувате подоцна постојано да чувствувате глад. Богатиот појадок ќе ве држи сити во текот на целиот ден и ќе го избегнете прејадувањето.
- Не јадете два часа пред да си легнете. Јадете помалку навечер, затоа што тогаш сте помалку активни. Обидете се да внесувате 2/3 од дневните калории во текот на првата половина од денот. Доколку не можете да издржите, направете си салата со краставица. Краставицата во најголем дел е вода.
- Контролирајте ја големината на порциите.Подобро е да јадете неколку пати во денот, но мали порции. Не си ставајте во чинијата многу. Луѓето најчесто се навикнати да јадат додека не ја испразнат чинијата, без разлика дали тоа ќе предизвика прејадување или не. Внимавајте кога сте излезени во ресторан. Порциите во рестораните содржат многу повеќе храна, отколку што вам ви е потребна. За да не се искушувате, можете да порачате да ви спаковаат дел од порцијата за дома или да ја поделите со вашите пријатели или партнерот.
- Движете се. Навистина е потешко да пешачите и да се движите повеќе додека надвор врне дожд или снег, но ако сакате да не ставите врз себе од „зимските“ килограми, тогаш најдобро е да си најдете активност на затворено. Скокајте на јаже, одете на часови по аеробик или дома вежбајте Тае Бо.
- Бидете мотивирани. За да не се предадете во борбата со килограмите, треба да бидете мотивирани и да останете мотивирани. Може да најдете своја пријателка која сака да ослаби и взаемно да се поттикнувате. Поставете си реална цел за слабеење, за да не останете разочарани.
- Избегнете го емоционалното прејадување. Кај многу луѓе претпразничната атмосфера создава депресија. Често се случува утехата да се бара токму во храната. Депресивните луѓе се посклони кон чоколадото и тестенините, па поради тоа килограмите лесно напаѓаат. Ако се чувствувате депресивно, дополнително треба да внимавате на исхраната. Секогаш кога ќе посегнете по храна, размислете дали навистина сте гладни или вашата желба за јадење е породена од лошото расположение.
|
|
|
Напишано од Administrator
|
|
Четврток, 09 Декември 2010 12:43 |
Бидејќи никој не може да земе и да вежба наместо вас, така не мора и никој да ви каже колку и кога да вежбате.
Па, и јас да имав толку слободно време и личен тренер ќе изгледав така\"- ви звучи познато? Ова го кажува секоја жена кога на телевизија ќе види згодна и атрактивна актерка, а два пати постара од неа. Навистина ретко кој може ова да си го дозволи, но факт е дека тренерот не е гаранција дека ќе бидете во топ форма. Сигурно не клекнува тој наместо вас, да прави стомачни и да се поти. Затоа ако сакате да почнат да ви завидуваат на вашата става, станете си сопствен тренер.
Што е подобар личниот тренер од вас?
Во ништо не е подобар, само што тој заработува да земе и да ве мотивира и бодри додека вежбате. Вистина е дека тоа многу помага, особено во деновите кога не ви е до вежбање. Болката и напнатоста во мускулите влијаат на желбата за мачење. А, секој би станал од кревет, кога некој човек полн со енергија и ентузијазам, доаѓа и ве тера на тоа. Од старт ќе ви ја пренесе добрата енергија и ќе заборавите на болката и уморот.
Како да станам добар тренер на моето тело?
За да не завршите критикувајќи се себе си, поставувајте си ниски цели. Бидете реални, само вие можете да процените колку сте способна да издржите. Не се залажувајте дека ќе симнете 5 кила за 5 дена, ако ви е тоа целта. За почеток многу подобро звучи, 30 минути вежбање. Ова е изводливо и за почетник, а на задоволството од исполнувањето ќе му нема крај.
Како да си ја испланирате програмата?
Најважно е прво да си поставите цел. Откако точно ќе прецизирате, без претерување, што сакате да постигнете на ред е дневната програма. Пред да одредите кога и колку ќе вежбате, постојат неколку правила кои е добро да ги запазите:
1 правило- вежбајте онолку колку што сте физички подготвени. Ако претерувате брзо ќе се откажете, ако програмата е премногу лесна нема да имате резултати.
2 правило- водете дневник. Запишувајте колку време трае тренингот, кои и по колку вежби правите. Така ќе имате увид и ќе знаете кога е време да ги зголемите.
3 правило- образувајте се. Прочитајте или погледнете некое фитнес видео, за да знаете дека правилно ги изведувате вежбите.
4 правило- набавете опрема. Тука спаѓа спортска облека, квалитетни патики и најважно од се инспиративна музика.
5 правило- не се плашите да правите промена во планот. Нема никој да ве казни за тоа ако едноставно така повеќе ви одговара.
6 правило- наградувајте се. За секој видлив резултат давајте си награда. Ако уживате во сладолед, слободно изедете еден, ако сакате еден ден без вежби, направете си пауза...
|
|
Напишано од Maja
|
|
Вторник, 07 Декември 2010 17:07 |
|
Топката за вежби,уште позната како Фитнес топка или Швајцарска топка,се користи во многу видови на спортски активности - Јога,пилатес,фитнес. Иако не е изумена и измислена со таа цел,оваа топка најчесто се поврзува со пилатес вежбите.Таа е прекрасен предмет за вежби,кој тешко може да ви досади поради разновидноста што ја нуди.
Првично создадена да се користи при физиотерапија,топката за вежби по позната како швајцарска топка,е голема,надувана,гумена топка околу 55-90см.во дијаметар.На почетокот оваа топка била користено од физиотерапевтите при рехабилитација на пациенти со проблеми во грбот.
Денес топката за вежби е основно средство во многу фитнес програми.Употребата на топката за вежби помага за зајакнување на торзото и го прави телото флексибилно. Ефикасноста од употребата на топката се должи на тркалезна форма,кој овозможува нестабилност на телото.Како резултат торзовите мускули реагираат,стремејќи се да ја задржат стабилноста.Со текот на времето овие мускули добиваат цврстина и еластичност и вие ќе можете ефективно да ги ојачате во обидот да одржите баланс на телото.
Неколку начини за користење на фитнес топката:
- Зголемување на комплексноста на вежбите,со балансоирање - Вклучување на торсовите мускули при зачувување на балансот - Доста луѓе седат на топката па дури и пред бирото за да ја задржат рамнотежата на телото - Растегнување - топката е одличен помошник при оптегнувње на телотo




|
|