20 минути за изградено и привлечно тело PDF Печати Е-пошта
(1 Гласај)
Напишано од Administrator   
Четврток, 26 Август 2010 15:55
Одеднаш сум сит

Го прекршив главното правило за добра исхрана,која гради мускули и создава плочки на стомакот:предолго бев без јадење.Наместо редовни 5-6 оброци,еден ден само доручкував и одеднаш беше два часот после пладне.Упс! Со гладен поглед брзо се паркирав пред еден кинески ресторан.Имам свои правила за ова без леб,и десерт и на тој начин и ваков вид на ручек можам да го држам под контрола.Ја наполнав својата паница и се фрлив на „работа“.После тоа наполнив и друга,и на крај и уште една.Кога завршив и погледнав во својата паница сватив дека сум сит.Како наеднаш станав сит?

Дваесет-минутно дејствување

 

Објаснувањето е комплицирано,но можеме да најдеме едноставен одговор.Во нашиот организам нема механизам кој би бил способен веднаш да испрати повратна информација која на организмот би му дала до знаење дека примил доволно хранливи состојки.Потребно е од прилика 20 мин.храната да се разгради до таа мера да доволна количина на гликоза да стигне во крвотокот и да се промени количината на хормоните.

Тие хормони се: инсулин,лептин,кортизол,гхрелин,кои ги носат информациите во врска со гладот или чувството на ситост помеѓу желудникот и мозокот.Проблемот настанува кога пребрзо се внесува храна така што мозокот не е во состојба да ги „слушни“ сигналите.Во ред, постојат бавни телесни сигнали кој треба да ги земеме во предвид,но тие не се некој проблем,зарем не? Но постои и уште еден фактор: физиологијата на денешниот човек е идентична со физиологијата на прачовекот! Со други зборови, со текот на бавната еволуција нашето тело повеќето не се прилагодило на богатата понуда на хранливите состојки на денешниот свет,јадења богати со калории.

1.Идеја:Искористување на феноменот 20 минути

 

Совесноста е клуч за решавање на секоја задача во врска со исхраната.Во борбата за стомак со плочки прво морате да ја препознаете појавата или феноменот 20 минути.Јасно е дека мора да престанете со јадење,пред да почуствувате ситост или барем минимално при првиот сигнал на ситост.После 20 мин навистина ќе се чуствувате сити.Тоа бара вежбање и дисциплина.

Водете дневник за исхраната.Ако купувате храна со мали количини на масти,тоа не значи дека диетата ви е успешна.Колку и да претставува терет водењето на дневник,еднаш во животот мора тоа да го сторите како би увиделе што е важно.Сите ние познаваме ветерани од теретаните кои години вежбале а покажале само мал напредок.Ако запишувале што внесувале во организмот,со запрепастување ќе дојдат до сознание дека нивното внесување на протеини и калории едноставно не се совпаѓа со нивните потреби и дека премалку јадат.

Да претпоставиме дека вашата диета дозволува 2000 калории дневно.Тоа поделете го на пет оброци што изнесува 400 калории за секој оброк.Направете го она што е потребно: прочитајте ја хранливата вредност на секое јадење,измерете ги оброците и запишете ги броевите.Важно е да се знае како изгледаат 400 калории.Станете од столот! Не е сигурно дека сте се задоволиле, но за 20 мин нема да бидете гладни.

 

-Јадете поспоро!Помеѓу секоја голтка оставете ја виљушката.

 

-Користете помала виљушка,наменета за салата.И порциите мора да бидат помали во текот на диетата.

 

-Не јадете пред телевизор.

 

-Изџвакај те ја добро храната.