МЛЕКО PDF Печати Е-пошта
(3 Votes)
Напишано од Administrator   
Среда, 29 Декември 2010 17:58
Иако 90% вода, млекото од наши мали нозе има многу важна улога во нашиот целокупен живот. Првиот пијалок кој го испивте – беше млекото, првата храна од која растевте – беше млекото.

Самите почетоци на бодибилдингот поврзани се за млекото како многу важен дел од исхраната покрај месото и јајцата. Многу ефтин протеински пијалок кој и ден денес е незаменлив во спортската исхрана, но можеби малку потценет и потиснат од страна на другите протеински пијалоци.

Млекото со 1,5% масти, содржи во еден литар до 37 грама протеин, 15 грама масти, 48 грама јагленохидрати и околу 400 калории. Протеинот во млекото е една третина WHEJ а остатокот е CASEIN, кои се двата најквалитетни протеини чии молекули најдобро ги минуваат келиите на мусклулните влакна, а имаат и најдобар ланец на аминокиселини што значи максимална искористеност.

Ако пиеме 2 до 3 литри млеко дневно ќе го задоволиме поголемиот дел од дневните потреби на протеин (1,5 до 3 грам протеин на килограм телесна маса), а исто така ќе внесеме и доста течности т.е. вода, која игра важна улога во животот на секој човек, а посебно на еден бодибилдер.

 

Млекото ги содржи и потребните витамини (А,Д,Е) и минералите како на пример калциумот чија улога во изградбата и одржувањето на цврстината на коските на сите добро ни е позната. Покрљај тоа, калциумот има важна улога во изградбата на имунитетот на телот, ги намалува последиците од алергија и ги релаксира и опушта мускулите.

Да не го заборавиме и лактоферинот, мал пептид кој е исто така важен во зајакнувањето на имунитетот (го има и во мајчиното млеко), па дури и некои испитувања покажуваат дека ја редуцира појавата на рак и има голема функција во дигестивниот тракт, а исто така познат е и како добар антиоксидант.

Голема чаша млеко пред спиење е познато сретство за мирен сон, а наутро за добар почеток на денот. Затоа не пропуштајте да го искористите големиот дар на природата – МЛЕКОТО.http://www.gladijatori.com/%_a437.html