| ДИЕТА ЗА 7 ДЕНА |
|
|
|
| Напишано од Administrator |
| Вторник, 26 Април 2011 18:08 |
|
Појадок околу 230 калории 1. Фрапе од 200 мл немасно млеко и 200 грама ананас, 2-3 кришкиинтегрален двопек (25 грама); 2. 200 мл млеко од соја, интегрално пециво (50 грама) со лажичка мед (10грама); 3. Шолја немасно млеко (200 мл) со лажичка овошен шеќер (фруктоза), 40 грама пченкарни снегулки или 3-4 (35 грама) суви бисквити; 4. 3 интегрални крекери (30 грама), мала шолја овесни снегулки (30грама), сок од исцеден портокал (150 мл); 5. Кришка интегрален леб (30 грама) испржена во тостер, 2 парчињанемасна пршута (40 грама), 1 грејпфрут; 6. Шолјичка чај со лимон, кришка интегрален леб (50 грама) препечен исо малку мармалад; 7. Една чаша јогурт (125 грама) немасен, овошен, 4 кришки интегралендвопек, кафе со млеко. Ручек околу 430 калории1. Тост со две парчиња сирење (40 грама), едно парче немасна пршута(20 грама), овошна салата (200 грама), 1 чаша (200 мл) сок од ананас; 2. Грчка салата (80 грама), фета сирење (100 грама), домати (100 грама), 5 маслинки и лажица маслиново масло (10 грама); 3. Лепче (80 грама) со моцарела (70 грама) и домати (80 грама); 4. Пециво (80 грама) со шумка (30 грама) и зеленчук на жар, чаша (200мл) сок од грејпфрут; 5. Порција њоки со рагу (180 грама) со лажица изрендано сирење, кришкаананас (150 грама); 6. Порција (80 грама) домати и босилок, зачинети со лажичка (5 грама)маслиново масло и изрендано сирење, овошје (јаболко или крушка); 7. Чинија пршута (70 грама) и диња (240 грама), едно мало пакетчегрисини. Вечера околу 350 калории1. Ослич на жар (200 грама) со сок од лимон, тиквици запечени во рерна(200 грама) со лажичка изрендано сирење (10 грама), интегрално пециво(50 грама); 2. Салата од хоботница 9200 грама) со варен компир (150 грама), салата(200 грама) зачинета со лук и магдонос, кришка свеж ананас (150 грама); 3. Пилешки гради на жар (150 грама), 'ркулци на салата (100 грама),интегрално пециво (50 грама); 4. Варен интегрален ориз (55 грама) зачинет со малку маслац (5 грама),телешки исечок (120 грама), мешана салата (150 грама); 5. Порција мешана салата заедно со зелена салата по избор (100 грама),рајчици (100 грама), моцарела (80 грама) и туна во вода (50 грама), како икришка свеж ананас (150 грама); 6. Риба по избор (80 грама) варена и зачинета со маслку лимонов сок, 'ркулци од соја (100 грама) посолени и зачинети со лажичка (5 грама) сосод соја, интегрално пециво (50 грама); 7. Јунешки исечок (200 грама) во сос од половина чаша бело вино (50грама) и лимонов сок, овесни снегулки (200 грама), интегрално пециво(50 грама). |


