| Ве мачат килограмите? Ослободете се од нив! |
|
|
|
| Напишано од Administrator |
| Понеделник, 09 Мај 2011 16:16 |
|
Ако се испотите пред појадокот побрзо ќе ослабнете, покажа едно истражување направено во The Journal of Physiology. Телесните вежби на празен желудник рано наутро ја регулираат гликозата во крвта, па телото поефикасно ги согорува маснотиите. Појадувајте Ако немате навика да доручкувате, воведете ја. Оние кои цел живот доручкуваат во просек имаат потенок струк од оние кои прескокнуваат доручек. Во The American Journal of Clinical Nutrition објаснето е дека доручекот го поттикнува метаболизмот, и го намалува испуштањето на ензими кои го подигаат нивото на холестерол – јадете пополека и малку. Јадете полека Ова е многу важно. Пример, луѓето кои изеле пакување сладолед за 30 минути во крвта имале повеќе хормони на ситост од оние кои го изеле побрзо, пишува The Journal of Clinical Endocrinology & Metabolism. Не јадете при гледање ТВ, бидејќи нема да можете да се сконцентрирате на храната ниту да ужувате во неа. Придржувајте се на термините за оброците Ако јадете секој ден во исто време можете полесно да ослабнете. Кај глувците кои јаделе во точно одредено време, а ноќта 12 часа не јаделе воопшто, црниот дроб согорувал повеќе шеќери и масти, велат научниците од Salk Institute for Biological Studies во Калифорнија. Ние нормално не сме глувци, но ако нешто така едноставно како јадење во исто време може да донесе резултати, тогаш зошто да не го примениме. Почнете со вода Ако испиете две чаши вода пред оброкот ќе изедете помалку, а ќе изгубите повеќе калории, покажа истражувањето на Virginia Tech. Водата дава чувство на ситост па оние кои ја пијат јадат 75 до 90 калории помалку во текот на оброкот. Испијте чаша вода додека готвите или додека го чекате келнерот. Застанете на вага Оние кои барем еднаш недлно застануваат на вага додека се на диета губат повеќе килограми отколку оние кои го игнорираат вагањето, покажа истражувањето на Minneapolis Heart Institute Foundation. Освен тоа оваа навка помага и при одржувањето на телесната тежина. |


