| Исхрана за бодибилдери - тинејџери |
|
|
|
| Напишано од Administrator |
| Вторник, 16 Декември 2008 19:09 |
|
Калории Едноставен начин да се пресметаат калориите доволни за оддржување (количината од калории потребни да се задржи моменталната тежина) е да се земе вашата тежина и да ја помножите со 33. На пример, некој кој тежи 65 кг. добиваме Ќе ги користиме овие калории за оддржување како почетен калоричен внес. Еден бодибилдер би требало да започне со 2145 калории, дневно. Протеини Ќе одиме со едноставен начин, јадете 2.5 гр. протеин за секој килограм од телесната тежина. Ако тежите 65 кг. тогаш вашата цел е да јадете 160 гр. протеин секој ден. Најлесниот начин да го поделите протеинот е да го поделите подеднакво помеѓу оброците. Ако јадете 6 оброци дневно (ќе користиме 6 оброци на ден во нашите примери) тогаш би требало да јадете 27 гр. протеин со секој оброк. 160 / 6 = 27 грама протеин за оброк Секој грам протеин содржи 4 калории. Да ги пресметате калориите од протеинот помножете 160 со 4. 160 * 4 = 640 калории Протеинот треба да доаѓа од добри извори како пилешко, мисирка, телешко, риба, јајца/белки од јајца и протеин во прашок како ON 100% Whey Gold Standard. Масти Мастите се есенцијални за правилно функционирање на телото. НЕ СЕ ПЛАШЕТЕ ДА ЈАДЕТЕ МАСТИ! Ќе го подесиме вашиот внес на масти на 30% од вкупниот внес на калории. Секој грам масти содржи 9 калории. Продолжуваме со примерот: 2145 * 30% = 640 калории Да ги пресметате грамовите од масти поделете го 640 со 9: 640 / 9 = 70 грама масти Исто како и протеините, просто препорачувам подеднаква поделба на мастите помеѓу 6 оброци: 70 / 6 = 12 грама масти на оброк Добар извор на масти вклучуваат бадемите, кикири, путер од кикири, маслиново и ленено масло, цели јајца (исто и добар извор на протеини) и авокадо. Јагленохидрати Остатокот од вашите калории ќе дојде од хидрати. Ајде да го пресметаме внесот на хидрати: 2145 (вкупно калории) – 640 (калории од протеин) – 640 (калории од масти) = 860 калории Секој грам хидрат има 4 калории. Да ги пресметате грамовите на хидрати поделете го 860 со 4: 860 / 4 = 215 грама хидрати дневно За распределбата на хидрати препорачувам јадење на поголемиот дел околу времето за тренинг. Кога вежбате го исцрпувате гликогенот во мускулите (складирани јагленохидрати). После тренинг, способноста на вашите мускули да примат хидрати е зголемен и тоа е совршено време за јадење на хидрати. Добри извори на хидрати се овес, компири, кафеав ориз, цело-зрнести пченични производи, овошје и зеленчук. Кратка содржина на досега сработеното Почетната точка за тинејџер од 65 кг. би била:
Сега штом го имаме ова ајде да направиме план за исхрана: Прв оброк (пред тренинг)
Втор оброк (после тренинг)
Трет оброк
Четврти оброк
Петти оброк
Шести оброк
Погорново е здрава, лесна за пратење исхрана за бодибилдер тинејџер. Текст: Derek Beast Charlebois - Bodybuilding.com |



Следниот текст е комплетен водич кон разбирање и сопствено пресметување на потребната количина и вид на храна за еден бодибилдер - тинејџер.