| Велосипедизмот го продолжува животот за пет години |
|
|
|
| Напишано од Administrator |
| Петок, 16 Септември 2011 18:10 |
|
Мажите кои возат со просечна брзина живеат 2,9 години подолго, додека жените живеат 3,9 години подолго од оние кои возат побавно. Брзите велосипедисти кои минуваат повеќе од еден час на ден на велосипед, имаат најдобри шанси да ја избегнат прераната смрт од било кои здравствени причини, тврдат научниците. Редовната активност го намалува ризикот од низа здравствени проблеми, вклучувајќи го и дебелеењето, депресијата и болестите на срцето. Сепак, ако сега почнувате со вежбање треба да тргнете со полесно темпо затоа што преголемиот напор може да предизвика срцеви проблеми, тврди Петер Вајнсбег од британското здружение „Срце“. |


