Крал од Македонија - Љубе Бакич (I дел) PDF Печати Е-пошта
(3 Votes)
Напишано од Administrator   
Вторник, 16 Февруари 2010 22:44

Прв дел..

Крал од Македонија - Љубе Бакич

Еве едно интервју со големиот шампион од светот на бодубилдингот. Негови почетоци, натпревари и планови за во иднина.

1.За почеток кажи нешто за себе?

Се викам Љубе Бакич. Роден сум 12.01.1977год во Скопје. Поголем дел од детството сум го поминал во Виена, но се вратив во Скопје каде завршив спортска гимназија. После неа се запишав на ДИФ, кој го завршив со диплома 2000год. Истата година се селам во Германија.

2.Како и кога почна да се интересираш за бодибилдингот и кога почна?

Од секогаш обожавав поединечни спортови, тимските спортови не ми биле интересни.
Можеби затоа што сакав самиот да се истакнам и на другите да им покажам што можам сам. Уште како дете на 6 год почнав да се бавам со гимнастика, секогаш освојував медали и бев меѓу најдобрите. Во завршните години од гимназија пробав да тренирам бокс, џудо и слични спортови. Но ништо од тоа не ми се допадна се додека не влегов во теретана и дури тогаш ја осетив моќта на овој спорт. Имав предиспозиции, талент и градба беше доволно само да се потрудам и озбилно да тренирам. И така се започна.
А за натпреват желбата ми се јави во 1998 год кога присуствував на еден натпревар во Будимпешта.


3.Можеш ли да ни кажеш нешто повеќе за твојте тренинзи?

Пред 2-3год вежбав по една мускулна партија неделно мислејки дека таквиот начин на вежбање ќе даде најдобри резултати и складност. Секојдневниот тренинг се состои од вежби со слободни тежини. Така вежбам до пред натпревар кога започнувам по сериозно да тренирам и да правам изолациони вежби како и супер серии.

Начинот на кој тренирам е мешавина од интезивни и волуменски тренинзи, што значи правам повеќе вежби и серии со кратки паузи. Тренингот најдолго ми трае 60мин. Додека раце вежбам 45мин а нозе и по големите партии 60мин. Често сакам да правам таканаречен шок тренинг пр. една вежба ја правам со 20серии за една мускулна партија во неколку недели или месечно.

Неделно вежбам 4дена а 3 одмарам, а пред натпревар вежбам скоро секој ден а некогаш и 2 пати во денот.

4. Кој се твој не омилени вежби?

Тоа за мене не постои ни не омилени ни омилени вежби. Сите се тие на некој начин како што јас велам прави билдерски. Битно е добро да се испотам!

 

 

Следи Крал од Македонија - Љубе Бакич (II дел)


Иван Ангеловски

ул.Ѓуро Ѓаковиќ бр.18 лок.4 (Кај Грчка амбасада), Скопје
Пон.-Пет. 11:00-19:00, Саб. 10:00-16:00
Тел. 02/511-11-46, Моб. 077/917-992

Оваа е-пошта е заштитена од spambots, треба да вклучите JavaScript за да ја видите www.bodybuilding.com.mk www.gladijatori.com