Gladijatori Grand Prix Natural PDF Печати Е-пошта
(19 Votes)
Напишано од Administrator   
Сабота, 06 Декември 2008 15:29

логоКратка презентација на Асоцијацијата

INBA Europe и INBA се посветени на промоција на природен (без хемикалии и стероиди) спорт и здраво живеење.

Овие две организации се посветени да му помогнат на тренерите и луѓето од сите области да ги постигнат своите цели во здрава, природна спортска околина без употреба на опасни и нелегални дроги како и стероиди.

Се залагаат да му помогнат на секого – од човекот на улицата кој само сака да биди здрав внатрешно како и да изгледа здраво однадвор, па се до натпреварувачот кој сака да ги постигни целите на бината и надвор од неа.

На бината има шанси да се натпреварува за INBA Европска титула или INBA светски титули со врвни натпреварувачи кои се признаени како професионалци од PNBA (Професионалната Натурал Бодибилдинг Асоцијација) кои се врвот во светот на природните спортови.

Овие асоцијации исто така му помагаат и на физички пореметените поединци да учествуваат во спортот и како резултат на тоа постојат исклучително добри натпреварувачи кои наспроти сите шанси живеат здраво, учествуваат во спортот и му даваат на INBA фамилијата и гледачите големи цели во нивните достигнувања.

Ова е голема шанса за сите земји низ Европа да се вклучат во најголемата и најбрзорастечка асоцијација во светот. Претседателот на асоцијацијата за Европа Г-дин Адам Хибинс e човекот кој е одговорен за ширењето на природни (без дроги) натпреварувања и здрав животен стил и членство во фамилијата на INBA.

Стандардите на Интернационалниот Олимписки Комитет

Фамилијата на INBA е првата и единствената организација за фитнес и бодибилдинг во светот која е примена од Интернационалниот Олимписки Комитет. Тоа значи дека натпреварувачите се тестираат по строгите стандарди за допинг на овај комитет. Намерите на INBA се за првпат во историјата да има и категорија на натпреварувачи за фитнес и бодибилдинг на Олимпијадите низ светот.

INBA во Македонија

Г-нот Оливер Тошевски е претседател на INBA за Македонија и главен организатор на овие натпреварувања. Gladijatori Grand Prix Natural станува сериозно натпреварување кое во Македонија успешно се одржа во 2007 и 2008.

Досегашните наптреварување беа успешни со по дваесет натпреварувачи од соседните држави како и од Македонија. Учествуваа женски натпреварувачи во категоријата фитнес и мажи во фитнес и тешка категорија.

Ова натпреварување станува традиција во Македонија и претставува најквалитетно натпреварување од овој тип спрема наградите, меѓународните учесници, организацијата и промоцијата на фитнес и бодибилдинг без штетни стероиди!